Климатизерите работат турбо 24/7

Bez autora
Aug 27 2011

На 25 овој месец при температура од 38 Целзиусови степени, ЕВН-Македонија регистрира рекордна испорака на електрична енергија во дистрибутивната мрежа во Скопје од 5.408 мегават-часови, а на ниво на целата држава испорачани се 14.752 мегават-часови електрична енергија. Зголемената потрошувачка се должи на употребата на климатизерите кои работат турбо во текот на целиот ден и буквално ја голтаат електричната енергија. Употребата на разладните уреди ја зголеми потрошувачката, но и покрај тоа нема оптеретување на системот и дистрибуцијата се одвива без проблеми. Мал број на дефекти има деновиве при испораката на електричната енергија во земјава, а тие се главно од спорадична природа. Некои од дефектите се заради градежни активности, но нашите дежурни екипи веднаш на терен ги санираат.

Климатизерите работат турбо 24/7На 25 овој месец при температура од 38 Целзиусови степени, ЕВН-Македонија регистрира рекордна испорака на електрична енергија во дистрибутивната мрежа во Скопје од 5.408 мегават-часови, а на ниво на целата држава испорачани се 14.752 мегават-часови електрична енергија.

Зголемената потрошувачка се должи на употребата на климатизерите кои работат турбо во текот на целиот ден и буквално ја голтаат електричната енергија.

Како што информира Атанас Ковачевски, портпарол во ЕВН-Македонија, употребата на разладните уреди ја зголеми потрошувачката, но и покрај тоа нема оптеретување на системот и дистрибуцијата се одвива без проблеми.

- Мал број на дефекти има деновиве при испораката на електричната енергија во земјава, а тие се главно од спорадична природа. Некои од дефектите се заради градежни активности, но нашите дежурни екипи веднаш на терен ги санираат - вели Ковачевски.

Тој информира дека неделава во земјава во континуитет растела потрошувачката на струја и таа во понеделникот (22 август) достигнала 14.040 мегават-часови, во вторникот 14.277 мегават-часови, во средата 14.600 мегават-часови за да рекордот се достигне во четвртокот (25 август).

Што се однесува, пак, за рекордот на потрошувачката на електрична енергија во Скопје, тој е поголем доколку се спореди со 25 август лани кога од страна на ЕВН-Македонија е испорачано во дистрибутивната мрежа 5.135 мегават-часови.

- На истиот датум во август 2009 година потрошувачката достигнала 4.788 мегават-часови, а во истиот период во 2008 година таа била 4.700 мегават-часови - вели Ковачевски и појаснува дека изминативе години температурата на крајот од август била малку пониска од годинашната.

И во соседна Србија деновиве е испорачана рекордна количина на струја кај потрошувачите. Како што информираат од Електростопанството на Србија, неделава испораката достигнала 82,5 милиони киловат-часови и е за 2,5% поголема од просекот вообичаен за овој период од годинава.

Најголема потрошувачка на струја има во периодот од 10 до 15 часот кога работат фирмите и повлекуваат околу 12 отсто од целокупниот расположлив капацитет на дистрибутивната мрежа.

Во Србија ова лето е регистрирана рекордна потрошувачка на електрична енергија на 11 јули годинава кога се потрошени 20.322,5 милиони киловат-часови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik